Стар Завет · Псалми

Молитва за утеха од Господа.

И сега што да очекувам? Зар надежта моја не е во Тебе, Господи? Спаси ме од сите беззаконија; си допуштил да бидам поруга на безумниот. Занемев и не ја отворив устата, зашто Ти ме создаде. Отстрани ги од мене ударите Твои, изнемоштувам од Твојата силна рака. Преку казни заради беззаконија си го воспитал човекот и душата негова си ја расточила како пајажина. И залудно се возбудува секој човек. Услиши ја, Господи, молитвата моја и почуј ја молбата моја; не биди безгласен како моите солзи, зашто сум туѓ во Тебе и придојден, како сите мои татковци.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…