Стар Завет · Псалми

Молитва за помош.

Заради Тебе умираме секој ден, нè сметаат како овци определени за клање. Рабуди се, зошто спиеш, Господи! Разбуди се, и не отфрлај нè засекогаш! Зошто го одвраќаш лицето Свое, ја забораваш бедата наша и неволјата наша? Бидејќи душата наша се понизи до прав, а утробата ни се прилепила на земјата, стани, Господи, и помогни ни, избави нè поради името Твое.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…