Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Покајничка молитва.
Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат. Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение, и јазикот мој ќе се зарадува на Твојата правда. Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја оти, да сакаше жртва, јас ќе Ти ја принесев; но сепалениците не ги сакаш. Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш. Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…