Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Копнеж за општење со Бога.
Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја. Колку пати за Тебе копнее телото мое на замјата пуста, неплодна и безводна? И така се појавив во Светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава. Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ќе Те фали. Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои. Како со маст и елеј се наситува душата моја, и со радосен глас ќе те фали устата моја. Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја, во утринските часови за Тебе размислувам, зашто Ти си ми помошник и во сенката на Твојата закрила ќе воскликнувам.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…