Стар Завет · Псалми

Плачна Давидова песна што Му ја пеел на Господа.

Господи, Боже мој, на Тебе се надевам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави ме Да не би некогаш непријателот да посака да ми ја истргне душата; ќе трга, а ќе нема кој да спасува. Господи, Боже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои ако зло вратив на оние, кои поради правда ме напаѓаат, тогаш нека отпаднам од непријателите мои нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот мој на земјава, и телото мое во прав нека го претвори. Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите Твои; стани, Господи, Ти кој заповедаш. И многу народ ќе се собере околу Тебе; и Ти издигни се над него високо.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…