Стар Завет · Псалми

Молба Господ пак да го благослови народот спрема кого порано бил милостив.

Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јакова. Ти им ги прости беззаконијата на Твоите луѓе, ги покри сите нивни гревови, го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој. Поврати нè, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас. Зар вечно ќе се гневиш на нас, или ќе го протегнеш гневот Свој од род во род? Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да нè оживееш, и луѓето Твои да се зарадуваат во Тебе? Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…