Стар Завет · Псалми

Молитва во голема неволја.

Приклони го, Господи, увото свое и услиши ја молитвата моја, зашто сум беден и сиромав. Зачувај ја душата моја, зашто сум смирен; спаси го слугата Твој, Боже мој, кој се надева на Тебе. Помилуј ме, Господи, зашто кон Тебе викам секој ден. Развесели ја душата на Твојот слуга, оти кон Тебе, Господи, ја вознесувам душата своја зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив кон сите, кои Те признаваат. Чуј ја, Господи, мојата молитва и послушај го гласот на молбата моја. Во денот на мојата мака повикав кон Тебе, и Ти ме чу.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…